Килијан Мбапе ги
одработува последните 12 месеци од договорот, ПСЖ со сите сили се обидува да ја
продолжи соработката, но напаѓачот одбива да ја продолжи верноста и се верува
дека сака да замине од Париз.
Французинот е дамнешна
желба на Флорентино Перез и првиот човек на Реал му ветил богатство на Килијан
Мбапе за да остане уште една сезона на „Паркот на принцовите“ и потоа следното
лето како слободен играч да потпише за „кралевите“.
При едно вакво
сценарио, Реал Мадрид нема да му плати обесштетување на ПСЖ па затоа Флорентино
Перез е подготвен на Килијан Мбапе да му даде 40 милиони евра за потпис на
договорот.
Секако, Килијан
Мбапе ќе добие и богат договор и годишна нето плата од 25 милиони евра.