Лукаку одбил да се врати во Челси иако му нуделе поголема плата од таа што ја добива во Интер

by
1 минути читање

Лукаку е среќен во Интер, не е важно дали на друго место може да заработи повеќе, неговата желба е и во следната сезона да настапува за италијанскиот шампион.

Според „Газета дело Спорт“, Челси имал разговори со Лукаку и му понудиле да го вратат на Стемфорд Бриџ.

Но одговорот бил негативен, тој им рекол дека не сака да го напушти Интер без разлика што му нудат повеќе пари.

Челси е во потрага по елитен напаѓач, но засега тешко им оди таа мисија. Се обидоа да го добијат Халанд, не успеаа, неуспешен е и обидот за ангажман на Лукаку, ќе треба да се насочат кон следна цел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×