Јувентус попладнево
одржа прес конференција на „Алианц“ стадионот и го презентираше Макс Алегри за
нов тренер, стратегот реши да се врати во Торино и покрај тоа што имаше неколку
примамливи понуди.
„Точно е дека два
пати го одбив Реал Мадрид, последниот пат беше оваа година. Сакам да му се
заблагодарам на претседателот (Флорентино Перез) за приликата што му ја укажа,
но размислив добро и го одбрав Јувентус бидејќи го сакам овој клуб и верувам во овој
млад тим. Мислам дека ќе биде забавно да ги тренирам овие играчи, но секако, ќе
мора да победуваме, тоа е најважна работа“ – вели Макс Алегри.
Неизбежно беше прашањето
за Кристијано Роналдо, ЦР7 често се поврзува со заминување од Јувентус.
„Роналдо е голем
фудбалер и паметно момче. Синоќа разговаравме, му кажав дека ова е важна сезона
и дека сум среќен што одново ќе соработуваме. Сега ќе има поголема одговорност,
бидејќи пред три години, имавме многу поискусен тим, сега имаме повеќе млади
играчи“.
„Покрај головите,
очекувам многу од него кога е во прашање одговорноста и давањето пример на
другите. Се врати во одлична физичка подготвеност, но ќе мора да го менаџираме
во текот на сезоната, особено кога ќе имаме натпревари на секој три дена“.