САД и Андоновски со реми се пласираа во четвртфиналето на Олимписките игри

by
1 минути читање

Фудбалерките на
САД постигнаа гол во првото полувреме, но беше поништен поради офсајд. До
крајот на мечот немаше голови.

САД по трите
одиграни натпревари освоија четири бода, исто колку и Австралија, но
благодарение на високата победа над Нов Зеланд имаат подобра гол разлика и
дојдоа до второто место.

Во групата прва е
Шведска со максимални девет бода. Денеска го совладаа Нов Зеланд со 2-0.

Иако не блескаше
во групната фаза, селекцијата на Влатко Андоновски останува еден од фаворитите за
златото на Олимписките игри, но веќе нема простор за грешка.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×