Варан е поблиску до Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Двата клуба водат
преговори, а врз база на нив се очекува во наредните денови Манчестер јунајтед
да испрати официјална понуда која ќе ја прифати Реал Мадрид.

Од таборот на
Јунајтед се уверени дека договорот е извесен иако треба да се дефинираат уште
некои детали.

Варан веќе ги
договори личните услови со Манчестер јунајтед. Тој нема намера да потпише нов
договор со Реал Мадрид, а од стариот има уште една сезона.

И покрај тоа,
Варан не планира да креира проблеми во Реал Мадрид и со сила да бара заминување
ова лето. Ако не се најде заеднички јазик меѓу двата клуба, тој ќе остане и ќе
го дава максимумот до крај. Сепак се верува дека оваа или наредната недела,
трансферот ќе се случи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×