Пророштвото на дедото на Депај: Жал ми е што тој повеќе не е со нас, и сега не може да ме види

by
1 минути читање

Мемфис Депај
стави потпис на договорот со Барселона, напаѓачот се обврза кон „каталонците“
до 2023 година и доби откупна клаузула од 500 милиони евра.

„Чест ми е да
бидам тука, ми се оствари сонот. Од мали нозе сонував за ова. Сакам да им се
заблагодарам на луѓето од раководството на Барселона и на мојот тим,
преговорите беа долги, но на крај успешно завршија“ –
рече Мемфис Депај на
промоцијата.

Фудбалерот потоа
раскажа како неговиот дедо предвидел дека ќе се реализира еден ваков трансфер.

„Кога имав пет
години, мојот дедо ми подари дрес од Барселона и ми рече дека еден ден ќе играм
за овој клуб. Жал ми е што тој повеќе не е со нас, и сега не може да ме види“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×