Се работи за „Green pass“ кој во ЕУ е познат како дигитален ковид сертификат кој потврдува дека лицето е вакцинирано, дека има негативен резултат од тест не постар од 48 часа или да прележал ковид-19 во изминатите шест месеци.
Секој навивач треба да исполнува барем еден од овие услови за да влезе на стадионот.
Италијанската влада донесе одлука на овој начин да се влегува е само на спортските натпревари туку и во кината, театрите, музеите, теретаните, дури и рестораните. Овој закон на сила стапува од 6 август.
Клубовите бараа 75 проценти од капацитетите на стадионите да бидат исполнети, но владата на Италија не се сложи со тоа.
Во зависност од состојбата на градот со коронавирусот, максимално стадионот ќе може да биде исполнет до 50 проценти. Тоа значи дека во местата со поголем број на случаи на ковид-19, процентот ќе биде и помал.
Ова е напредок во однос на минатата сезона кога мечевите се играа без публика, но ќе се почека до комплетно исполнети стадиони.