248
„Скај Спорт Италија“ информира дека иако е договорена висината на обесштетувањето, трансферот е стопиран, проблем се ратите на кои треба да биде исплаќана сумата. Двата клуба сега се обидуваат да најдат начин за тоа.
Сумата е 11 милиони евра плус 2,5 милиони евра. Од нив 40 проценти добива претходниот клуб на Виња, Национал де Монтевидео, тоа е 4,4 милиони евра.
Виња ги договори и личните услови, ќе потпише четиригодишен договор за плата од 1,5 милиони евра по сезона.
Преговорите продолжуваат, не се очекува Виња да пристигне во Рим оваа недела.