„Росонерите“
соопштија непријатни вести, генералниот извршен директор, Иван Газидис боледува
од рак на грлото.
„Милан сака да ги
информира навивачите и акционерите дека нашиот генерален извршен директор, Иван
Газидис има рак на грлото. По извршени детални тестови, докторите предвидуваат
дека тој целосно ќе се опорави“ – гласи
известувањето.
За битката која
го чека, Иван Газидис рече: „Секако, никогаш не е добро време кога ќе ви биде
дијагностициран рак. За среќа се чини дека се работи за форма на рак која се третира. Ќе
бидам под надзор на специјалисти и ја имам поддршката на саканите и сите колеги
и соработници во клубот. Убеден сум, на основа на сите испитувања кои ги
направив, дека третманот ќе биде успешен и комплетно ќе се опоравам. Мојата дијагноза
покажува колку е важно редовно да се спроведуваат медицински прегледи, дури и
ако немате симптоми. Ги охрабрувам сите да му дадат приоритет на своето здравје
и да се погрижат да прават редовни проверки“.