Донарума пред десет години бил на проба во Јувентус, но гигантот од Торино рекол НЕ!

by
1 минути читање

Легендарниот Фабрицио Раванели кој по завршувањето на фудбалската кариера неколку години работеше како тренер во младинскиот погон на Јувентус, открива дека Донарума бил на проба во 2011-2012.

Тој бил импресиониран од голманот, но и покрај неговиот совет да остане, раководството на клубот ја пропуштило шансата да го ангажира.

„Како можам да заборавам. Уште тогаш беше монструм. Го имаше телото како и сега иако беше 12 годишно момче“, вели Раванели.

„Никој не можеше да му даде гол, не можев ни јас. Беше моќен, експлозивен, импресивен, бранеше се. Беше речиси невозможно да му се даде гол. Сите ги оставеше без зборови. Беше поразличен од другите. Сега е лесно да се каже, но уште тогаш му реков на човекот задолжен за голманите дека ова момче мора веднаш да се земе бидејќи апсолутно ќе биде врвен голман“.

Јувентус одлучи да не го ангажира Донарума, кој потоа се пресели во школата на Милан и таму остана до крајот на минатата сезона. Ова лето како слободен играч се пресели во ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×