ПСЖ и Атлетико Мадрид го сакаат Хендерсон, капитенот е пред заминување од Ливерпул

by
0 минути читање

Хендерсон има уште две години од актуелниот договор со Ливерпул, преговорите за продолжување на соработката се застанати по крајот на ЕП, се чини дека фудбалерот сака да проба нешто ново.

ПСЖ и Атлетико Мадрид ја пратат ситуацијата и интересот кај нив за англискиот фудбалер расте.

ПСЖ ова лето веќе го донесе Џиџи Вајналдум од Ливерпул, а Покетино сака повторно да го спои со Хендерсон.

Но, Диего Симеоне во Хендерсон гледа замена за Саул Нигез кој е на излезна врата од Ванда Метрополитано.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×