На претставувањето пред соиграчите Хисај одбра да ја пее партизанската песна „Бела чао“ и го навлече гневот кај фановите на Лацио кои имаат фашистичка идеологија.
Ултрас фановите на Лацио направија и транспарент на кој пишува: „Хисај црву, Лацио е фашистички клуб“.
Навивачите на Лацио отворено си кажуваат дека се фашисти. Еден од нивните водачи, Франко Франкињо Костантино ја објасни ситуацијата.
„Историски, нашите фанови секогаш биле екстремни десничари, и тоа го кажувам со гордост. Некој да ја пее „Бела чао“ со дрес на Лацио е лудост“, вели навивиачот Франко Костантино.
„Хисај погреши и нема оправдувања за тоа што го направи“.
Претседателот на клубот, Клаудио Лотито во минатото се обидуваше да го дистанцира Лацио од фашизмот, но секогаш тоа било безуспешно.