„Топчиите“
денеска промовираа ново засилување, се работи за 21 годишниот Алберт Самби
Локонга. Фудбалерот од средниот ред бил препорачан од легендарниот Тјери Анри,
кој бил импресиониран од она што го видел, а зелено светло за трансферот дал и
Винсен Компани, под чие водство младиот фудбалер ја доби капитенската лента во
Андерлехт.
„Алберт е многу
интелегентен играч кој покажува голема зрелост во играта. Забележа добар прогрес
под водство на Винсен Компани и неговите соработници во Андерлехт. Го познавам
Винсен многу добро и тој има високо мислење за Алберт“ – вели тренерот на Арсенал,
Микел Артета.
„Убедени сме дека
Алберт е подготвен за следната етапа од развојот и со нетрпение го чекаме“.
Детали од
зделката не беа откриени, според пишувањата на медиумите, Арсенал за услугите
на Алберт Самби Локонга ќе плати помеѓу 15 и 18 милиони фунти.
Тој е второ
засилување ова лето откако на „Емирати“ пристигна Нуно Тавареш од Бенфика за 8
милиони фунти.
Арсенал исто така
договори и трансфер од 50 милиони фунти на дефанзивецот Бен Вајт од Брајтон,
Англичанецот треба да ги помине лекарските прегледи кога ќе се врати од одмор
на 26. јули.