Ван Дајк нападна новинар на „Мирор“: Срам да ти е, измислуваш лаги!

by
1 минути читање

Познато е дека весникот „Мирор“, особено на својот интернет портал често објавува сензационални вести за да привлече внимание. А ако Ван Дајк е во право, таква е и сторијата на Сајмон Мулок.

Тој објави текст во кој вели дека Ван Дајк е предводник на револт на холандските фудбалери против назначување на Луи ван Гал за нов селектор.

Наводно фудбалерите сакале Хенк Тен Кате да им биде новиот селектор.

Брзо по оваа сторија на Мулок, реагираше Ван Дајк на социјалните мрежи велејќи дека станува збор за тотална лага.

„Сторијата е комплетно лажна. Никогаш не било поважно за новинарите да ја зборуваат вистината а не да измислуваат работи. Срам да ти е г-дин Мулок“, напиша Ван Дајк.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×