Роналдо донел одлука за својата иднина и му ја соопштил на Јувентус

by
1 минути читање

Договорот на Роналдо со Јувентус истекува во јуни 2022 година и неговата иднина беше неизвесна по крајот на минатата сезона која заврши неуспешно за клубот.

Роналдо се поврзуваше со ПСЖ и Манчестер јунајтед, но и двата клуба потенцираа дека не можат да си ја дозволат платата од 31 милион евра годишно која му ја дава Јувентус.

Во меѓувреме Роналдо донел конечна одлука, сака да остане во Јувентус и да го испочитува договорот и не само тоа, туку би го продолжил и за уште една, дополнителна сезона.

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели во моментов е на одмор, планирано е кога ќе се врати да седне на маса со агентот на Роналдо, Жорж Мендеш и да се разговара околу евентуално продолжување на договорот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×