Наполи ги почна подготовките во стара опрема, требаше сами да произведуваат, но…

by
1 минути читање

Елиф Елмас и неговите соиграчи ги почнаа подготовките за новата сезона, а посебно интересна за медиумите од Италија е ситуацјата со опремата на Наполи.

Наполи дозволи договорот со „Капа“ да истече и решија да не ја продолжуваат соработката ниту со нив, ниту да потпишат со друг производител на спортска опрема.

Наместо тоа, претседателот Аурелио Де Лаурентис реши тие да почнат производство на дресови, шорцеви, тренерки… целосна опрема.

Но очигледно е дека планот не оди како што треба, за разлика од останатите клубови кои подготовките ги почнуваат со нова опрема, Наполи на денешниот тренинг се појави со опремата од минатата сезона.

Единствената разлика е што е покриен спонзорот „Кимбо“ кој стоеше на грбот, на негово место сега стои Наполи.

Кога ќе излезе новата опрема на Наполи, се уште нема информација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×