Барселона и Атлетико Мадрид подготвуваат голема трампа?

by
1 минути читање

Барселона и
Атлетико Мадрид се одлучни во намерата да ја реализираат долго посакуваната
трампа, за што се шпекулираше од претходно, а тоа е Антоан Гризман да се врати
во составот на „Јорганџиите“, а од таму во редовите на Каталонците да се
пресели Саул Нигез.

Шефот на
стручниот штаб на шпанскиот првак, Диего Симеоне посакува да го задржи тимот на
победничките патеки, а за да успее во тоа ќе му бидат потребни засилувања, а
ова сценарио би и одговарало и на Барселона која од поодамна сака да го
ангажира Саул.

Се верува дека
договорот помеѓу обата клуба е пред сама финализација, но останува уште да се
утврдат платите на фудбалерите на обете страни, со тоа што јасно е дека во
Барселона сакаат да се ослободат од финансискиот товар кој го носат на себе со неделната плата од близу
350 илјади евра на Гризман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×