153
Напаѓачот кој поради промашениот пенал беше мета на расистички напади во Англија, ќе мора на операција.
Рашфорд повредата ја влече од минатата сезона, беше во составот на Англија и покрај тоа што не беше целосно фит, па не ни одигра многу на првенството.
Паднала одлука да го реши проблемот со операција, велат дека тоа била единствената опција за комплетно да се отстрани повредата.
Поради операцијата Рашфорд нема да може да игра до крајот на октомври, би требало да биде во трка со времето за настап на дербито против Ливерпул кое е закажано на 23 октомври на Олд Трафорд.