Тотнем го „залажува“ Кејн со напаѓач на Саутемптон?

by
1 минути читање

Тотнем има во
план да го ангажира напаѓачот на Саутемптон, Дани Ингс, а тоа да го стори за
околу 20 милиони фунти, со тоа што ќе се направи обид за да се се задржи првата
ѕвезда на тимот, Хари Кејн кој изрази желба да игра за друг клуб, односно да се
бори за трофеи во својата кариера.

Се верува дека 28
годишниот Ингс веќе ја одбил понудата на Саутемптон за нов, четири годишен
договор, а јасно ставил дознаење дека сака да се пресели во некој клуб од
големата шесторка во Премиерлигата.

„Спарси“ се во
потрага по засилување во нападот, односно фудбалер кој би му бил партнер на
Кејн, а неуспешно заврши обидот со Карлос Винисиус кој не остави големи
импресии кај челниците на Тотнем.

Што се однесува
пак до Кејн, за него сериозен интерес има пријавено Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×