Освои Копа Америка, па потпиша за Атлетико Мадрид, денови од соништата за Родриго де Паул

by
1 минути читање

Де Паул со фантастична асистенција до Ди Марија во финалето против Бразил, беше еден од најзаслужните за титулата на Аргентина на Копа Америка.

Неговиот трансфер во Атлетико Мадрид веќе беше договорен, а од синоќа е и официјализиран.

Тој потпиша петгодишен договор со Атлетико Мадрид

27-годишниот Де Паул и претходно има играно во Примера, од 2014 до 2016 го носеше дресот на Валенсија.

„Многу сум среќен што доаѓам во шампионот на Шпанија, ги знам и одговорностите кои доаѓаат со овој трансфер. Ова е голем чекор во мојата кариера кој доаѓа по освојувањето на Копа Америка. Тоа ми дава повеќе сила да ги исполнам очеувањата“, вели Де Паул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×