279
„Скај Спорт
Италија“ пишува дека 26 годишниот Ектор Бељерин притиска за трансфер во
италијанскиот првак Интер, меѓутоа претстои и договор на „Нероаѕурите“ со
Арсенал, договор кој досега не е постигнат.
Бељерин има
активен договор со Арсенал до 2023 година, а во него „Нероаѕурите“ гледаат
идеален наследник на Ашраф Хакими кој за 71 милион евра се пресели во ПСЖ.
Италијанскиот
медиум додава дека Шпанецот јасно им ставил дознаење на челниците на Арсенал
дека сака трансфер во Интер ова лето, а не се исклучува можноста таму да замине
на позајмица, со тоа што Италијанците би имале обврска да го откупат неговиот
договор доколку некои услови бидат исполнети.