Манчестер јунајтед близу постигнување договор за личните услови на Варан

by
1 минути читање

Се верува дека
Манчестер јунајтед не е далеку од постигнување на договор за личните услови на
стоперот од Реал Мадрид, Рафаел Варан, кој подолг период се поврзува со клубот
од „Олд Трафорд“.

28 годишниот
Французин има договор со „Кралевите“ до идната година, а се претпоставува дека
обете страни нема да ја продолжат соработката, па тој би можел да си замине ова
лето.

Во Манчестер
јунајтед во Варан гледаат најидеален партнер во дефанзивната линија на Хари
Мегваер, како и да е, Премиерлигашот би можел да се соочи со голема
конкуренција од страна на ПСЖ.

„Манчестер Ивнинг
Њуз“ известија дека преговорите помеѓу Манчестер јунајтед и Варан течат бавно,
меѓутоа во Премиерлигашот и натаму веруваат дека можат да го обезбедат потписот
на стоперот ова лето.

„Црвените ѓаволи“
за услугите на Варан би издвоиле околу 50 милиони фунти, меѓутоа шпекулациите
велат дека Реал Мадрид нема да се согласи на продажба за сума под 80 милиони
фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×