303
Европските шампиони утринава се вратија во Рим, по што Кјелини постираше фотографија од трофејот во кревет и напиша: „Следејќи ја традицијата на големиот маестро Фабио Канаваро“.
Канаваро кој беше капитен на Италија кога во 2006 го освоија СП, веднаш му врати: „Ти благодарам капитену, денеска е уште попрекрасно да се биде Италијанец и те молам не заборавај да го покриеш бебето добро“.