329
Од 1. јули, за
прв пат во сојата кариера, Лео Меси е без клуб. Договорот на напаѓачот со
Барселона заврши, никако да пристигне абер за нова соработка, ниту пак дека
Аргентинецот се сели во друг клуб.
И додека се чекаат
вести за иднината на Лео Меси, фудбалерот губи многу пари. Л’Екип направи свои
пресметки и објави дека Аргентинецог секој ден губи по 100.000 евра.
Пресметките се
базираат на претпоставката дека Лео Меси ќе прифати драстично намалување на
платата за да остане на Камп Ноу и ќе се сложи на двојно помали примања од она што го
заработуваше во изминатите четири години, односно нешто над 74 милиони евра
нето по сезона.