231
Тибо Куртоа е во
фокусот откако беше објавено едно видео од кампот на Белгија. Јан Вертоген го
„испитуваше“ знаењето на својот сонародник и побара од голманот да наброи три
ѕвезди кои нема да настапат на ЕВРО 2020.
Играчот на Реал
Мадрид на ум го имаше само Серхио Рамос, и откако истече времето за одговор,
Јан Вертоген почна да набројува имиња: „Халанд, Марсијал, Тер Штеген, Ван Дајк,
Ѕаниоло, Кин, Џеко, Облак, Пјаниќ…“.
Тибо Куртоа потоа
со насмевка на лицето одговори: „Марсијал? Зарем тој е ѕвезда?“.
Le tacle de Courtois sur Martial pic.twitter.com/yYZiErxGB1
— Instant Foot (@lnstantFoot) July 9, 2021