Барса и објави војна на младата ѕвезда, ќе тренира со вториот тим се додека не потпише нов договор

by
1 минути читање

„Каталонците“
денеска го објавија списокот со играчи за стартот на подготовките за новата
сезона, десет фудбалери од вториот тим добија повик а многумина беа изненадени
што на листата го немаше името на Илаиш Мориба.

18 годишниот
фудбалер од средниот ред, минатата сезона уживаше голема доверба кај Роналд
Куман и во март месец го постигна својот деби гол во победата од 2-0 над
Осасуна.

Барселона очекува
многу од Илаиш Мориба, но настанаа проблеми кога момчето ангажираше нови агенти
кои сега бараат огромна сума на пари за тој да стави потпис на нов договор.

Клубот од Камп
Ноу е во тешка економска ситуација, па раководството на Барса реши да влезе во
војна со Илаиш Мориба и да се обиде да изврши притисок за фудбалерот да ги
намали барањата, па тој нема да се појави на подготовките и ќе биде дел од вториот
тим се додека не потпише нов договор.

Со оглед на тоа
дека Илаиш Мориба е под договор до 2022 година, не се исклучува можноста да
биде продаден ова лето доколку не падне согласност за продолжување на соработката.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×