Голот на Дамсгор
од слободен удар за водство на Данска против Англија во полуфиналето од
Европското првенство беше нерегуларен, тврдат медиуми на Островот, базирајќи се
на правилата на ФИФА.
Островјаните се
базираат на правилото кое налага да офанзивците на тимот кој изведува слободен
удар во вакви ситуации треба да стојат во т.н. жив ѕид најмалку еден метар
оддалечени од противничките фудбалери, односно жив ѕид сочинет од три или повеќе дефанзивци на противничкиот табор, а доколку не се испочитува ова правило, се доделува индирект на другата екипа.
За тоа, тие ја
приложуваат и целосно ситуацијата од моментот, каде јасно се гледа дека Данците се мошне близу фудбалерите на „Гордиот албион“ кои го
сочинуваат блокот, односно т.н. жив ѕид.

Во прилог, правилото за вакви ситуации…
