276
Холандскиот
арбитар Бјорн Кујперс ќе биде главен делител на правдата за финалето од
Европското првенство каде силите ќе ги одмерат Англија и Италија на „Вембли“ во
недела.
За 48 годишниот
Кујперс ова е петто големо натпреварување на кое ја дели правдата, претходно судеше
на ЕП 2012, ЕП 2016, но и Светските првенства во 2014, односно 2018 година, а
Холанѓанецот е со знакот на ФИФА од 2006 година па наваму.
Во ВАР собата ќе
бидат Германецот Бастијан Данкерт, кому ќе му асистираат неговите сонародници
Кристијан Гителман и Марко Фриц, како и
Пол ван Бокел од Холандија.