Се верува дека
францускиот вицепрвак ПСЖ бележи напредок во обидите да го ангажира Пол Погба
од Манчестер јунајтед, а со самото тоа расте и самодовербата во редовите на
клубот од француската престолнина по оваа тема.
Погба веќе влезе
во финалната година од својот договор со „Црвените ѓаволи“, а иако челниците на
клубот очајно посакуваат да дојде до договор за продолжување на соработката
помеѓу обете страни, сепак преговорите одат бавно, а тоа сакаат да го
искористат од ПСЖ.
„Газета дело
Спорт“ пишува дека ПСЖ уште минатиот месец ставил дознаење дека е сериозен во
намерата да го ангажира Погба, а почнувајќи од првичните контакти кои биле
реализирани на 22 јуни, од тогаш па наваму од ПСЖ одблизу ја следат ситуацијата
со фудбалерот.
Досега, сево ова
се води како интерес од страна на ПСЖ, меѓутоа сега се наведува како нешто
конкретно, а францускиот клуб е убеден во тоа дека Манчестер јунајтед ќе мора
да попушти доколку не успее да пронајде заеднички јазик со својот фудбалер за
продолжување на соработката.