Бензема на Миконос го убедува Мбапе да оди во Реал Мадрид (ФОТО)

by
1 минути читање

Односот меѓу Бензема и Мбапе не беше најдобар пред Европскотот првенство, но додека траеше тоа тој се подобри. Двајцата одлично соработуваа на теренот, а станале и толку добри пријатели што заедно се на одмор на Миконос.

Се појавија слики од познатиот турски готвач Нусрет кој има ресторан на Миконос. Двајцата се сликани со него.

Фановите на Реал Мадрид се надеваат дека таквиот нивен однос ќе доведе и до побрза и конечна одлука на Мбапе да се пресели во кралскиот клуб.

Мбапе одбива да потпише нов договор со ПСЖ, а тоа значи дека следното лето би бил слободен фудбалер и без проблеми би се преселил во Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×