Италијанскиот
вицепрвак Милан и натаму е во потрага по засилување во тимот за претстојната
нова сезона по заминувањето на Хакан Чалханоглу, меѓутоа тоа дефинитивно нема
да биде капитенот на Ајакс, Душан Тадиќ.
Самиот Тадиќ, во
изјавата за „Де Телеграф“ потврди дека нема да си замине од Амстердам, со тоа
што „Росонерите“ ќе мораат да бараат друга опција на трансфер пазарот.
„Играм за клубот
од моите соништа“ рече 32 годишниот Тадиќ кој е под договор со Ајакс до 2023 година.
Србинот во
редовите на Ајакс дојде од Саутемптон во 2018 година, а му помогна на тимот од
Амстердам да освои две титули во Холандија, како и исто толку трофеи во
националниот куп, како и Суперкупот на тоа првенство.