Новиот спортски
директор на Тотнем, Фабио Паратичи не крие дека клубот од Лондон очајно
посакува да го задржи својот најдобар фудбалер Хари Кејн и во новата сезона, а
за него е познато дека посакува да си замине во клуб од повисок калибар, каде
би се борел за титули во својата кариера.
„Ние посакуваме
да го задржиме Хари Кејн во Тотнем, тоа е нашата цел“ рече Паратичи во изјавата
за „Скај Спорт Италија“.
„Имав среќа да
уживам во соработката со многу големи фудбалери во Јувентус, а сакам да
продолжам и со Хари исто така во овој клуб, тој е еден од најдобрите напаѓачи
во светот“ додаде Италијанецот.
„Се уште не сум
имал разговор со Хари, немам намера да вознемирувам фудбалери за време на
Европското првенство, тој е неверојатен напаѓач“ нагласи Паратичи.