Спинацола испрати порака по успешната операција (ФОТО)

by
1 минути читање

Еден од
најдобрите поединци на Италија на Европското првенство, а можеби и најдобар,
Леонардо Спинацола се здоби со повреда од потежок карактер откако против
Белгија во четвртфиналето ја скина ахиловата тетива.

Денеска
фудбалерот на Рома беше на операција во Финска, а истата заврши успешно, па
сега на Италијанецот му претстои рехабилитација во период од околу шест месеци,
а по операцијата, тој испрати и порака на социјалните мрежи.

Операцијата
помина успешно, ви благодарам на сите за тоа што ми испративте голема поддршка,
навистина ве имаше во голем број, одбројувањето започнува сега, ќе се видиме
наскоро…
“ напиша Спинацола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×