Манчини: Ќе биде тешко, Шпанија е поинаква од Белгија

by
1 минути читање

Италија –
Шпанија, утревечер со почеток од 21 часот е првата полуфинална пресметка на
Европското првенство која ќе го даде и првиот финалист,

Селекторот на „Аѕурите“,
Роберто Манчини предупреди дека ништо не е готово, со тоа што јасно порача дека
Шпанија е доста квалитетна репрезентација, но и сосема поинаква од Белгија,
противникот кој беше совладан во претходната фаза.

Ова ќе биде
исклучително тежок натпревар, Шпанија е сосема поинаква од Белгија, а ние ќе се
соочиме со повеќе потешкотии на теренот, слични на оние со кои се соочивме
против Австрија, поради нивната агресивност, како и тоа дека беше прв меч во
нокаут фазата
“ рече Манчини.

Шпанија е
неверојатно добра изминативе години, имаат многу млади играчи, но и фантастичен
тренер кој ја има освоено Лигата на шампионите со Барселона, а не само тоа, да
потсетам дека Рома во неговиот период играше преубав фудбал
“ додаде тој.

Воопшто нема да
биде лесно, потребни ни се одлични перформанси, Шпанија има тим од висок
калибар, а ние сме во полуфиналето, нема да биде воопшто лесно
“ заклучи
Манчини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×