Реал Мадрид е
веројатно најсериозниот кандидат за потписот на 22 годишниот Килијан Мбапе, чиј
договор со ПСЖ истекува идната година, а самиот Французин одби да потпише нов
договор со клубот, барем до овие моменти.
Легендарниот
напаѓач, како и негов сонародник Николас Анелка во колумна за „Атлетик“ во вид
на писмо се обрати директно до Мбапе, кого го советуваше да си замине од ПСЖ во
случај да посакува да ги следи стапките на својот идол Кристијано Роналдо, или
Лионел Меси.
„Имаш најмалку
две опции, да останеш во Париз или да се преселиш во Реал Мадрид. И со двете
опции би можел да ја освоиш Лигата на шампионите овие времиња, периодот кога
јас бев во ПСЖ, не беше таков случајот…“ пишува Анелка.
„Изборот останува
на тебе, а истото зависи од тоа што сакаш да го постигнеш во фудбалот, доколку
посакуваш да ги освојуваш најголемите признанија, во тој случај ќе мораш да си
заминеш од ПСЖ, што и да сториш во Париз ќе биде добро, меѓутоа коментарите ќе
останат во стилот ‘Беше
одличен, но тоа само во Франција’, најдобрите првенства се во Англија и Шпанија, не си се натпреварувал на
такво ниво досега“ додава тој.
„Ќе мораш да
донесеш одлука, доколку посакуваш да ја освоиш Златната топка, односно да ги
следиш стапките на Кристијано Роналдо и Лионел Меси, тогаш ќе треба да се
натпреваруваш со најдобрите, а тоа не можеш да го сториш во ПСЖ, да не бидам
погрешно разбран, француското првенство не е лесно, но најсилното е во Англија,
така, доколку сакаш да бидеш еден од најдобрите, ќе мораш тоа да го сториш со
Челси, или Манчестер јунајтед, или Арсенал, Манчестер Сити, Ливерпул… Секако
тука се и опциите во Шпанија како Реал Мадрид, односно Барселона“ нагласи
легендарниот француски напаѓач.