Данска е во
полуфиналето на Европското првенство, а тоа е едно големо изненадување ако се
земе во предвид како тргна оваа селекција во групната фаза, меѓутоа, како што и
самиот капитен на Данците, Симон Кјаер тврди, повеќе од веројатно е дека
случајот со Кристијан Ериксен нешто стори во тимот за да се случи еден ваков
пресврт.
„Тоа што се случи
нешто донесе во тимот, ние напредуваме заедно, безбедни сме, свесни сме дека
можеме да им веруваме на луѓето околу нас, знаеме дека доколку некој од нас е
во неволја, тогаш некој друг ќе биде тука за нас“ рече Кјаер.
„Сето тоа ни дава
гаранција за безбедност, а секако го прави Ериксен да се чувствува уште подобро,
можеме да притиснеме уште повеќе, бидејќи знаеме дека соиграчот до нас е
подготвен да не поддржи во било кој момент на теренот“ додаде тој.
Данска во
полуфиналето од европскиот турнир ќе се соочи со Англија.