Инсиње сака поголема плата во Наполи, а Барселона и Тотнем ја чекаат својата шанса

by
1 минути читање

Претседателот на
Наполи, Аурелио Де Лаурентис се соочува со тешка битка пред себе во обидите да
го задржи Лоренцо Инсиње во тимот за новата сезона, особено по одличните
перформанси на фудбалерот на Европското првенство.

Инсиње е
вистински „мотор“ во играта на составот предводен од Роберто Манчини, а на
клупски план тој посакува поголема плата од онаа што во моментов ја заработува,
а истата изнесува 5 милиони евра од сезона.

„Кориере дело
Спорт“ известува дека Барселона и Тотнем одблизу ја следат ситуацијата со 30
годишниот Италијанец чиј договор истекува идната година, а обата клуба наводно
веќе и го контактирале и неговиот агент.

И повеќе од јасно
е дека во случај Наполи да не постигне договор со Инсиње за продолжување на
соработката, Италијанецот би си заминал уште ова лето, за клубот од Неапол да
не остане со празни раце при најлошото сценарио, односно да си замине идната
година без обештетување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×