Кристијано
Роналдо има уште една година од својот актуелен договор со Јувентус, но и
покрај разните шпекулации кои го „селат“ Португалецот од Торино, сепак „Газета
дело Спорт“ извести за една сосема поинакво сценарио кое би можело да се случи.
Италијанскиот
весник пишува дека Роналдо веќе го насочил својот агент Жорж Мендеш да делува
во овој случај, а првичните неофицијални информации велат дека агентот побарал
од челниците на Јувентус неговиот клиент да добие нов договор со важност до
2023 година.
Истовремено, „Газета
дело Спорт“ додава дека тоа е само првичен контакт за тоа што претстои, меѓутоа
преговорите помеѓу обете страни се уште не се почнати, иако Јувентус е веќе
запознаен со намерите на португалската ѕвезда.
Јувентус наводно
побарал време за да донесе конечна одлука за 36 годишниот Роналдо, кој со 31 милион годишна
плата е најплатениот во италијанскиот прволигаш.