Сестрата на Куртоа се извини за обвинувањата кон Спинацола (ФОТО)

by
1 минути читање

Леонардо
Спинацола се здоби со повреда од потежок карактер која ќе го одалечи од
терените пет или шест месеци откако ја скина ахиловата тетива во второто
полувреме од пресметката со Белгија во четвртфиналето од Европското првенство.

Сестрата на
голманот на Белгијците, Тибо Куртоа, Валери на социјалните мрежи упати
обвинувања кон Спинацола претходно дека се обидувал да задржи време во тие
моменти од натпреварот, меѓутоа сега јавно се извини за тоа.

Многу ми е жал
што дознавам дека Европското првенство за Спинацола завршува на ваков начин…
Се извинувам поради мојата реакција во тие моменти, се надевам дека му претстои
успешна рехабилитација
“ напиша Валери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×