Тринкао од Барселона се сели во Премиерлигата

by
1 минути читање

Вулверхемптон ја
продолжува својата стратегија околу засилувањето на тимот со Португалци, па
новиот тренер на составот од „Молењу“, Бруно Лаге го доби и второто засилување летово
во пресрет на новата сезона, а тоа е Франциско Тринкао од Барселона.

21 годишниот
Тринкао ќе биде дел од Вулверхемптон на позајмица од Каталонците за една
сезона, а тој е второто засилување за оваа екипа летово по Јерсон Москера.

Вулверхемптон има
опција да го откупи договорот на Тринкао, а се верува дека сумата за таа опција
изнесува околу 30 милиони евра.

Крилниот напаѓач
Тринкао својата кариера ја почна во Брага, клуб со кого играше во Лига Европа,
а лани во август потпиша за Барселона, за чии бои одигра 42 натпревари. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×