Инсиње ја опиша мајсторијата: Тилеманс беше пред мене, но имаше жолт картон (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лоренцо Инсиње го
доби признанието за најдобар играч на мечот помеѓу неговата Италија против
Белгија во четвртфиналето од Европското првенство, каде „Аѕурите“ беа подобри
со 2-1 и закажаа пресметка со Шпанија во полуфиналето.

Фудбалерот на
Наполи постигна преубав гол во самата завршница од првото полувреме, а тој по
мечот ја опиша целата ситуација околу таа голема мајсторија.

Го видов Јури
Тилеманс пред мене, тој веќе имаше жолт картон, а јас со самото тоа знаев дека
можам да го претрчам, потоа ја видов празнината и упатив удар
“ рече Инсиње, кој
во однос на мечот смета дека „Аѕурите“ на теренот работат тимски, а мораат да
продолжат на таков начин.

Чувството е
прекрасно, но вон наградата што ја добив, среќен сум што се пласиравме во
полуфиналето, ние работиме тимски, а мораме и така да продолжиме понатаму, за
да дојдеме до големи достигнувања
“ додаде Италијанецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×