Манчини: За да се победи Белгија, сите играчи треба да одиграат добро, вечерва тоа се случи

by
0 минути читање

Италија со 2-0 ја победи Белгија и се пласираше во полуфиналето на Европското првенство. Роберто Манчини создаде фантастичен тим кој веќе подолго време импресионира со игрите.

„Мислам дека не страдавме премногу во ниту еден момент од мечот. За да се победи тим како Белгија, потребно ви е сите играчи да одиграа добро и токму тоа се случи денеска“, вели Манчини.

„Постигнавме два гола и можевме да дадеме уште. Мислам дека победата е потполно заслужена. Шпанија е нашиот следен противник, но како одите понапред, така станува потешко. Вечерва сакаме да мислиме само на нашите перформанси и нашата победа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×