Лионел Меси
наводно добил понуда од францускиот вицепрвак ПСЖ, откако Аргентинецот стана
слободен играч на трансфер пазарот, а со самото тоа заинтересираните екипи за
неговиот потпис немаат обврска да исплатат обештетување.
Неофицијално, се
верува дека Меси и Барселона наводно постигнале согласност за продолжување на
соработката на дополнителни две години, меѓутоа Аргентинецот не може да потпише
додека Барселона не ги собере потребните финансиски средства за реализација на
тој договор.
Од друга страна
пак, првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта тврди дека желбата на 34 годишниот
Меси е да остане на „Камп Ноу“.
„Меси? Имаме
прогрес по тоа прашање, тој сака да остане, ние ја делиме истата желба, на
патот сме да го пронајдеме вистинското решение за ова прашање“ рече Лапорта во
изјавата за „Мундо Депортиво“.