Ќиро Блажевиќ удри жестоко по Ребиќ: Тој за мене е мртов човек!

by
1 минути читање

Имаше лавина на критики за Анте Ребиќ кој додека си ги менуваше копачките, Шпанија и даде гол на Хрватска. Наместо да се извини тој напиша пост против селеторот Далиќ кој потоа го избриша.

Ќиро Блажевиќ не се штедеше во критиките за Ребиќ.

„Жал ми е за Ребиќ, ми беше миленик. Но по таа негова несоодветна изјава за селекторот, тој за мене, а мислам и за националниот тим е мртов човек. Направи нешто што не се простува, го издаде селекторот но и целата нација. А беше идол на хрватската младина и Далиќ му беше омилен. Што се случи во меѓувреме не знам“, изјави Блажевиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×