Утревечер
големите љубители на фудбалот ќе имаат можност да проследат финале пред
финалето на Европското првенство, дуел помеѓу Белгија и Италија во
четвртфиналето од турнирот.
Селекторот на
Белгија, Роберто Мартинез има проблеми во тимот, од причина што клучниот играч
Кевин Де Брујне и повеќе од извесно е дека нема да биде во комбинација за
настап против „Аѕурите“, ниту пак Азар.
„Како што сите
знаете, тие не беа во можност да тренираат, ни претстои уште еден ден до мечот,
а сево ова е трка со времето“ рече Мартинез.
„Доколку тие го
пропуштат утрешниот меч, ние посакуваме да бидат со нас за идните, тешко дека
Еден би бил подготвен, има мускулна повреда, а Де Брујне има поинаков проблем,
одлуката е во медицинскиот персонал“ додаде тој.