Жозе Мурињо смета
дека селекторот на Англија, Герет Саутгејт треба да ги одмори Хари Мегваер,
Деклан Рајс и Калвин Филипс за четвртфиналната пресметка со Украина на
Европското првенство предвидена да се одигра во сабота.
„Сметам дека би
било одлично доколку Мегваер биде поштеден за овој натпревар, тоа би било
одлично за самиот фудбалер, мораме да ја земеме во предвид опасноста од
добивање на жолт картон за него, што би значело суспензија во полуфиналето“
рече Мурињо.
„Мегваер е доста
важен фудбалер во составот на Англија, но Мингс се покажа одлично, Мегваер
немаше ниту подготовки за Европското првенство“ додаде Португалецот, кој потоа
беше запрашан и за Филипс, но и Рајс.
„Јас би ги
одморил и нив, не ви требаат Рајс и Филипс за да ја победите Украина“ подвлече Мурињо.