510
Легендарниот
италијански голман Џанлуиџи Буфон се врати онаму каде што почна неговата голема
и успешна авантура во фудбалот, Парма.
Меѓутоа, како што
неговиот агент Силвано Мартина открива, една од опциите на Буфон била и Црвена
звезда.
„Имавме многу
понуди, постоеа шест-седум клубови кои беа сериозно заинтересирани, помеѓу нив
имаше и клубови од Бразил, тоа беа навистина добри понуди, меѓутоа поради
семејни причини истите не можеа да бидат земени во предвид“ рече Мартина.
„Пред Буфон да
потпише за Парма не контактираа од Црвена звезда, меѓутоа тој поминувајќи крај
Парма почувствува силни емоции и во тој момент падна конечната одлука, тоа беше
толку романтично…“ додаде тој.