Клаудио Раниери на
еден посебен начин ја опиша селекцијата на Белгија, која ќе биде утрешниот
противник на неговата Италија во четвртфиналето на Европското првенство.
„Најотворениот натпревар
помеѓу последните осум е всушност нашиот натпревар, селекцијата која е водечка
на ФИФА ранг листата, против нашиот тим кој досега го прикажа најубавиот фудбал
на ова Европско првенство“ рече Раниери за „Газета дело Спорт“.
„Белгија ја има
посакуваната сила во својот состав, во својата компактност, дефанзивците не се
брзи, меѓутоа нивниот селектор Роберто Мартинез ја зацврсти таа линија“ додаде
тој, а потоа ја опиша Белгија на еден посебен начин.
„Потоа, следат мозокот, рацете, а јас би го додал и поетот. Кевин Де Брујне е мозокот, Ромелу Лукаку кој игра како
фантастично граден Европеец, тој всушност ги претставува рацете, а поетот е Еден Азар“
додаде искусниот италијански фудбалски стратег.
И покрај ваквиот опис за Белгија од страна на Раниери, и натаму останува голема неизвесноста околу Де Брујне и Азар, кои се неизвесни за настап, иако отпатуваа со експедицијата за тој меч.