„12 часот е по
полноќ, а Меси повеќе не е фудбалер на Барселона“, беше коментарот на Жозеп
Педрерол точно на полноќ откако истече договорот на Лионел Меси со Барселона, а
со ова шпанската телевизија „ел Чирингито“ отиде чекор понапред од останатите
во известувањето на фудбалската вест на денот.
Меси и официјално
стана слободен играч на трансфер пазарот од синоќа откако му истече договорот
со Барселона, клуб каде Аргентинецот се наоѓа 21 година, почнувајќи од порана
возраст.
Генијалната идеја
на „Ел Чирингито“ е навистина за поздрав, па така следеше одбројување до
полноќ, а сето тоа за фудбалската вест број еден за денеска.
За последните 90
секунди, презентерот Педрерол беше тивок, а студиото во темница, а гледачите
имаа можност да го следат одбројувањето по што следеше и коментарот на Педрерол.