Вацке тврди дека трансферот се случил на барање на Санчо, го пофали за фантастичното однесување

by
1 минути читање

Трансферот на
Џејдон Санчо во Манчестер јунајтед од Борусија Дортмунд го потврдија од обете
страни, а истиот се верува дека ќе чини 73 милиони фунти, сума од која
веројатно „Милионерите“ не се задоволни.

Како и да е, извршниот
на Борусија Дортмунд, Јоаким Вацке јавно го пофали Санчо кој се однесувај крајно
професионално во сиот овој период додека настојувал да си замине.

Веќе постои
договор, меѓутоа претстојат уште некои детали, како на пример медицинските
прегледи, сево ова се случи исклучиво на барање на Санчо
“ рече Вацке.

Ние би сакале да
го задржиме во нашиот тим, меѓутоа тој се однесуваше фантастично, сето тоа
прави разлика кога некој комуницира со вас на еден таков начин, а тешко е кога
некој би се однесувал на поинаков начин, со закани и бунтување, тажни сме
бидејќи си заминува, но сигурно ќе пронајдеме решение
“ додаде тој.

Интересно е тоа
што Санчо не запиша ниту еден настап на Европското првенство, а останува
дилемата дали постоел некаков договор со селекторот Герет Саутгејт поради
фактот што и повеќе од веројатно е дека мислите му биле вон европскиот турнир.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×